11.8 C
Скопје
14:36 - 29 март, 2026

Дала 100.000 евра на „Гранд“, а денар не видела: Мина Костиќ огорчена на Жика Јакшиќ

Иако снимила дури три албуми под покровителство на познатата музичка продукција, сè се изјаловило на нејзина штета.

Мина Костиќ, која долго време не зборуваше за своите деловни односи со продукцијата „Гранд“, сега по многу години реши да проговори за, како што тврди, саботажите кои ги доживеала, особено од страна на Жика Јакшиќ.

Пејачката отворено раскажа дека снимила три албуми таму, вложила околу 100.000 евра, а – како што вели – „не добила ни денар“.

Мина откри дека еден конкретен настан го памети како момент кога сфатила дека нешто не е во ред.

„Точно е, постојано ме саботираа. Сама си го пробивав патот, сама сè финансирав, сè што позајмив – го вратив“, искрено рече Мина, присетувајќи се ситуација во која, како што тврди, Жика Јакшиќ заборавил да ја пушти нејзината снимка, што таа го доживеала како директна саботажа. Сепак, нагласува дека со Саша Поповиќ секогаш имала коректен и топол однос.

„Да, имав супер однос со него“, рече Мина.

Она што следело ги шокирало многумина. Пејачката тврди дека, иако работела вредно и снимала во најдобриот студио, од продажбата на своите албуми не видела никаква финансиска добивка.

„Од албумот „Muziku pojačaj“ не добив ни денар. Сите три албуми ги снимав таму. Во еден вложив сто илјади евра. Ми зедоа сè. Имам стан од 39 квадрати, дете од 16 години, образ и глас што сè уште ме служи“, изјави Мина во разговор за „Право лице естраде“.

Со својата исповед, пејачката повторно ја отвори темата за односите помеѓу изведувачите и големите музички продукции, истакнувајќи дека зад естрадната сцена постојат приказни што публиката ретко има можност да ги чуе.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо
Се вчитува....