10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

Цело богатство на една слика: Музичарот Папаз со четирите деца и со сопругата

Саксофонистот Горан Папаз сподели преубава слика со своите четири деца и со сопругата. До сликата со неговото најголемо богатство, музичарот напиша: „Сѐ што ми треба. Фамилија“.

На крајот од 2025, Горан Папаз имаше посебен повод за славење. Имено, музичарот и неговата сопруга Наташа го одбележаа првиот роденден на тројката која ја добија на крајот од 2024 година.

Фото/Фејсбук

Горан и Наташа споделија низа семејни фотографии од домашната прослава со малите Лена, Луна, Лазар, но и со поголемото синче Дамиан на Папаз и нивните најблиски.

„Една година од најубавиот ден во мојот живот – 3 нови, разиграни срциња во 3 минути. Среќен роденден сонциња на мама и тато, да сте ни секогаш здрави, среќни, разиграни, палавки и исполнети со љубов и прекрaсни луѓе околу вас. Ве сакаат мама, тато и бато до бесконечноста и назад. П.С. За мене вака изгледа „Раце полни љубов и среќа”, пишуваше покрај фотографиите.
„Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, се пошегува Горан Папаз кога дозна дека неговата сопруга ќе роди тројки.

 

 

 

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....