7.8 C
Скопје
02:00 - 31 март, 2026

Цел одбојкарски тим исчезна во земјотресот: Спасувачите пронајдоа три тела

При пребарувањето на урнатините на еден хотелот по земјотресот, каде што престојувала целата училишна одбојкарска екипа, спасувачите пронашле три тела.

Соопштено е дека спасувачката екипа од урнатините на хотелот „Исијас“ во Адијаман ги извлекла телата на двајца наставници и еден ученик.

Кога во понеделникот разорниот земјотрес ги погоди Турција и Сирија, во хотелот престојуваше спортска група од 39 лица, машки и женски тим. Спортистите, придружувани од нивните наставници и родители, отпатувале во Адијаман од турскиот колеџ Фамагуста Мариф, како што јави Би-Би-Си.

Според информациите од медиумите, четворица членови на групата го преживеале земјотресот откако се урнала седумкатницата. Наводно сами успеале да излезат од урнатините. Потрагата по други членови продолжува.

Според последните информации, бројот на загинати од понеделникот во Турција и Сирија надмина 21.000, а тој број може дополнително да се зголеми додека спасувачите трагаат низ урнатините на урнатите згради.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....