03:37 - 6 април, 2026

Цеца открива за што најчесто се кара со Анастасија: „Тоа навистина ме излудува!“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна откри детали од врската со ќерката Анастасија.

Цеца во една емисија истакна дека единствената причина за несогласувањата меѓу нив двете е токму доцнењето.

„Единствените расправии што ги имав со ќерка ми беа за доцнење. Толку тоа ме полудува. Не можам да разберам дека некој секогаш доцни за се и сешто“ – открива пејачката.

Цеца ја отвори душата и сподели со јавноста дека навиката на Анастасија постојано да доцни ѝ е извор на фрустрација.

„Се случило неколку пати да ја оставам и сама да отидам на настанот, бидејќи не беше подготвена на време – додава Цеца.

Таа истакна дека двапати дури била принудена да ја остави Анастасија и сама да оди на настан, бидејќи едноставно не можела да ја дочека.

„Ја оставив двапати, требаше да одиме заедно на некои настани. Од три попладне почнувам да велам „спреми се“. Таа ми одговара: „Добро, не паничи, зошто тензија“, јас и велам „Подготви се, ќе те оставам сама инаку“ и навистина ја оставив, никој нема нас да не чека“ -објаснува Цеца.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....