13:48 - 1 април, 2026

Четворица славни актери ги пропуштија наградите во Лос Анџелес – уф тој ковид

Колин Фарел, Брендан Глисон и Мишел Фајфер ги пропушија наградите  „Critics Choice Awards“  викендов во Лос Анџелес затоа што се заразиле со ковид -19.

Џејми Ли Кертис (64), која е номинирана за нејзината споредна улога во „Сè, насекаде одеднаш“, беше првата актерка што објави дека ќе го пропушти гала настанот во неделата вечер, откако беше позитивна на короната по нејзиното присуство на Златните глобуси во вторникот.

Ковид го зарази и Колин Фарел – кој освои Златен глобус за најдобар актер во филмски мјузикл или комедија – и неговиот колега од Banshees of Inisherin и номиниран за споредна машка улога Брендан Глисон. Во саботата, „Холивуд репортер“ потврди дека и Фарел (46) и Глисон (67) исто така се разболеле со ковид-19 и нема да присуствуваат на доделувањето на наградите во неделата.

Мишел Фајфер (64) исто така ги растажи фановите во неделата. Во објава на Инстаграм, Фајфер сподели дека нејзината дијагноза ковид-19 значи дека нема да му честита лично на Џеф Бриџис – нејзиниот колега во „Чудесните браќа Бејкер“ – кој синоќа доби награда за животно дело на наградите, чиј домаќин беше комичарката Челзи Хендлер.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....