2.8 C
Скопје
23:50 - 11 март, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Турција (19.300 за сега) го надмина бројот од јапонската катастрофа во Фукушима

Жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надминаа 19.300, надминувајќи ја јапонската катастрофа во Фукушима, пренесува Асошиејтед прес.

Според Вашингтон пост пак, бројот на жртви е над 20.000.

Во меѓувреме во целата несреќа пристигнува и по некоја светла вест. Денес две деца на возраст од 2 и 3 години беа спасени 70 часа по земјотресот, како што извести турската агенција Анадолу. Малиот Мерт Татар (2) утрово е спасен од земјотресот во јужната провинција Хатај: малото момче веднаш било пренесено во болница. Додека 3-годишното девојче Еја Хадап било извлечено од урнатините денеска, 70 часа по земјотресот, во областа Антакија.

Вчера спасувачките екипи спасиле уште тројца членови на истото семејство за време на операциите за пребарување. И две други сестри затрупани под урнатините во областа Голбаси, провинцијата Адијаман, беа спасени по 70 часа. Церен (14) и Елиф (16) се добро и се пренесени во болница.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....