10.8 C
Скопје
02:40 - 31 март, 2025

Бритни Спирс: „Моето тело беше злоставувано и манипулирано, затоа сега го покажувам“

Чекајќи го нејзиното дискографско враќање, Бритни Спирс се навраќа на бранењето на својата слобода овојпат преку покажување на телото. 

Бритни Спирс ја користи фотографијата и потврдата за соработката со Елтон Џон во новиот сингл „Hold me closer“ за да се врати на форсирањето на голотија на Инстаграм. Избор кој веројатно произлегува и од контроверзите во последните денови со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, кој објасни дека нивните две деца се засрамени од тоа што нивната мајка на Инстаграм постира разголени фотографии кои почнала да ги објавува откако заврши старателството врз неа на татко ѝ Џејми.

Обраќајќи им се на конзервативните фанови, оние кои очигледно ја критикуваат за нејзиниот избор, пејачката објасни дека откако со години била принудена да не биде слободна, денес сака да го покаже своето тело:

„Имав сè, но бев уништена одвнатре. Никогаш не сакав да бидам една од оние девојки кои го покажуваат своето тело! Је*ига! Пробај да останеш заклучен четири месеци без клучеви. Имам право да си го изразам телото, устата, очите, срцето и стапалата и да покажам што сакам! телото ми беше манипулирано, бев малтретирана и растргната од луѓе кои не се мои пријатели“, објаснува пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Денес, сепак, им се заблагодарува на своите пријатели „кои ми даваат радост и ме поддржуваат“ и објаснува дека не и е грижа „доколку некого навреди мојот пристап со мојата површна насмевка“.

Последниве денови, пејачката беше во центарот на контроверзии со нејзиниот поранешен сопруг и нејзините две деца тинејџери, откако во интервју за Дејли Меил Федерлајн објасни дека децата со месеци не сакаат да ја видат својата мајка. Подоцна самиот Федерлајн, во договор со синовите, објави неколку видеа на кои се прикажани неколку тепачки меѓу Спирс и децата.

Во следните денови Спирс ќе се врати на музичката сцена со синглот „Hold me closer“ во соработка со Елтон Џон.

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....