19:18 - 2 април, 2026

Бремената сопруга на Надал итно примена во болница: Мора веднаш да се оперира

Вистинска драма се одвива во семејството Надал. Познатиот тенисер е во очај, бидејќи неговата сопруга Марија Чиска Перељо е итно примена во болница, во 31-та недела од бременоста.

Информациите кои доаѓаат од Шпанија за здравствената состојба на сопругата на Рафаел Надал се оскудни и нецелосни. Како што пренесува „Ел Периодико“, лекарите од приватната клиника во Палма де Мајорка моментално ја држат Чиска под опсервација за да избегнат компликации.
Чиска, која е во поодмината бременост, според препораката на лекарот треба итно да се оперира.

Таа беше примена на клиниката во понеделникот, во придружба на нејзините родители, како и сестрата на Надал, Марибел, која е нејзина најдобра пријателка.

Рафаел Надал не е во Шпанија, бидејќи моментално е во САД каде се подготвува за УС Опен. Според пишувањата на шпанските медиуми, тој е во постојан телефонски контакт со сопругата и членовите на семејството.

Слични објави

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо
Се вчитува....