10:09 - 6 април, 2026

Бреговиќ добил забрана за влез во Молдавија поради проруски ставови

Oчигледно Република Молдавија има проблем со Бреговиќ. Според молдавскиот министер за внатрешни работи Адријан Ефрос, Кишињев уште минатата година вовел забрана за влез на Бреговиќ поради неговите проруски ставови“, пишувааат германските медиуми, пренесува Дојче Веле.

„Горан Бреговиќ и неговиот бенд требаше да имаат голем настап минатиот викенд во Стари Орхеј, археолошка населба во Молдавија “, пишува берлинскиот весник Тагесцајтунг.

„Но, на Бреговиќ и неговата придружба во неделата им беше забранет влез во Молдавија откако пристигнаа на аеродромот во Кишињев.

Во соопштението на граничната полиција како причина е наведена „анализа на ризик“ врз основа на разузнавачки податоци. Бреговиќ на социјалните мрежи изјави дека е разочаран, дека ја обиколил цела Европа и дека немал проблеми никаде и со никого.

„Тој 73-годишник јавно ја поздрави нелегалната анексија на Крим во 2014 година и одржа концерт таму една година подоцна. Тој има отворени симпатии за руската агресија врз Украина. Ваквите ставови се веројатно причината поради која на Бреговиќ му е забрането да настапува не само во Украина, туку и во Полска“, пишува Тагесцајтунг, пренесе Дојче Веле.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....