4.8 C
Скопје
22:54 - 28 март, 2026

Бред Пит и Инес го направија во тајност најважниот чекор, честитки од сите страни: „Посреќни се од кога било“

Актерот Бред Пит (60) и дизајнерката на накит Инес де Рамон (34) се вљубени од средината на 2022 година, а се чини дека сега ја подигнале врската на повисоко ниво.

Извор близок до парот откри дека парот живее заедно и дека Инес се вселила во замокот на актерот, пренесува Пипл.

– Тоа е сосема од неодамна. Тие се многу среќни, а таа е посреќна од кога било – рекол изворот и додал дека Инес сепак го сочувала својот стан. Многу обожаватели веруваат дека ова е голем чекор за Бред, бидејќи врската со Инес е првата вистинска врска на актерот по разводот.

На почетокот својата љубов ја држеа подалеку од очите на јавноста, а во последно време се почесто се гледаат како излегуваат заедно.

И додека едни им честитаат на новиот чекор, други веруваат дека само заедничкиот живот ќе ја открие вистинската природа на нивната врска.

Покрај тоа, многу обожаватели се загрижени поради фактот што актерот не се одлучил на најсериозниот чекор – средба со децата. Додека едни тврдат дека причината за тоа е бавниот тек на развојот на врската, други сметаат дека вистината лежи во тоа што тој всушност нема никаков контакт со своите деца.

Да потсетиме, тој има три биолошки деца со актерката Анџелина Џоли – ќерката Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а таа претходно ги посвои Пакс, Медокс и Захара, кои Бред ги прифати како свои.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....