11:12 - 31 март, 2026

Браво за македонската диригентка Елена Митревска, овојпат ја шармираше Шпанија!

Македонската диригентка Елена Митревска, диригент и хор мајстор во театрите во Виена, Лион, Овиедо и Малме, дебитираше како оперски диригент со операта Дон Џовани од Моцарт во Овиедо, Шпанија.
Веста ја дознаваме преку македонскиот оперски пејач од светски глас Благој Нацоски кој на својот Фејсбук профил напиша – „Жалам само што нема да бидам присутен на премиерата, но иако и јас во моментов случајно настапувам во Шпанија, никако немаше да стигнам утре на моите проби на време тука во Тенерифе доколку бев отишол денес во Овиедо.
Со лесно братучетке и што е можно поскоро заедно да настапиме во некој театар во светот!“, нарекувајќи ја Елена „мојата гордост“.
Елена Митревска дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија, насока хорско диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008 година. Своето образование го продолжила во Виена, на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, каде со највисоки оцени дипломирала најпрвин на одделот за хорско во класата на проф. Ервин Ортнер, а потоа и на оној за оркестарско диригирање кај прочуениот Урош Лајовиц. Добитничка е на бројни интернационални награди. Иако е „гостинка“ на светот, живее и работи во Малме, Шведска.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....