04:08 - 10 февруари, 2026

„Браво бенд“ подготвуваат нов материјал и „пукаат“ на високо: Сале – Тропико и Браја им направија песна

Пред неколку дена момците од „Браво Бенд“ беа во Белград каде ја започнаа соработката со познатиот фронтмен на групата „Тропико“, Александар Цветковиќ – Сале.

Имено, момците овојпат решија сериозно да поработат на нивна авторска музика и по тој повод тие решија да соработуваат со познати српски автори.

Тие веќе ја снимија нивната прва песна на српски јазик, на која музиката ја потпишува Сале од „Тропико“, додека пак текстот го напиша познатиот Драган Брајовиќ – Браја.

„Презадоволни сме, конечно го добивме тоа што го замислувавме и ние во нашите глави. Нема да биде една песна со овие автори, договоривме подолгорочна соработка. Наскоро ќе го видите „Браво бенд“ во едно поинакво издание, со многу нова музика. Деновиве се подготвуваме и за снимање на спотот за новата песна и искрени да бидеме едвај чекаме да слушне и види публиката што сме подготвиле“ – велат момците од бендот.

Тие открија и како течела соработката со Сале, за кого имаат само пофални зборови.

„Сале е феноменален човек, а потоа и одличен музичар. Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и да се чуствуваме како да го познаваме 10 години“ – дополни тапанарот Дени од бендот.

Инаку до тогаш нив можете да ги слушнете и видите на нивните настапи, ширум Македонија.

Слични објави

„Две години се молев да забремени“: Емотивна исповед на пејачката Инди за сестра ѝ Едита и нејзиниот партнер

Еспресо

Нина Бадриќ со емотивна порака до својата публика: „Ми рекоа дека тоа е тешка работа, дека не се исплати …“

apostolova

Поранешниот на Цеца ужива во љубовта со убавата мисица: „Тој ми ја врати вербата во мажите“

Еспресо

Вака Небојша Глоговац ги помина последните часови од животот: „Се шегуваше со сопругата, а потоа одеднаш му се слоши“

Е.А.

Неочекувано изненадување: Оженетиот дечко на Милица Тодоровиќ ѝ испратил трубачи пред зграда?

Еспресо

Милица Тодоровиќ брутално „нападната“: Јавноста во шок, ја преживеа најтешката борба

Е.А.
Се вчитува....