14:11 - 2 април, 2026

Братот на Бијонсе живее во приколка во близина на нејзината вила од 200 милиони долари:„Зошто не ме сака?“

Полубратот на славната Бијоне, Никсон Ноулс, живее во приколка откако неговата вредна самохрана мајка Александра Рајт беше принудена да се пресели во паркот за приколки по банкротот.

Зборувајќи директно за „Сан“, Александра тврди дека Никсон прашува: „Зошто таа личност не ме сака мене?“

„Таа (Бијонсе) е милијардерка и штотуку ја купи најскапата куќа во Калифорнија, десет милји од местото каде што живееме“, објаснува Александа која се жали дека немаат никаков контакт со ѕвездата.

Мајката на Никсон, кој сега има 12 години, тврди дека „Мојата главна грижа е да се справам со дете кое прашува: „Зошто таа личност не ме сака мене?“.

„Станува збор за човечка приказна и понекогаш седам во бањата и плачам затоа што едноставно не знам како да му помогнам да биде своја личност“, изјави Александра за „The Sun“ и додава – „Но, верувам дека нашите деца и внуци ќе бидат многу подобри луѓе од нас“.

Сепак, Александра останува позитивна и смета дека еден ден полубратот на Бијонсе, односно син ѝ, и ѕвездата ќе направат некаков контакт.

Според британските медиуми, ќерката на Бијонсе, Блу Ајви, штотуку добила подарок од 80.000 долари – кукла Барби за својот роденден, додека Никсон сонува да си купи Нинтендо Свич кој чини под 200 долари.

Александра тврди дека судската битка со таткото на Никсон да плати издршка ја банкротирала откако потрошила 250.000 долари на адвокати и судски трошоци.

 

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....