2.8 C
Скопје
20:37 - 23 декември, 2024

Бивши затвореник открива детали за починатиот син на Синан Сакиќ: „Земаше таблети, се дрогираше, се тепаше со стражари, можеби смртта е и ‘тивка елиминација’“

Во затворот во Сремска Митровица почина Рашид Сакиќ (45), син на починатиот српски турбофолк пејач Синан Сакиќ, а причината за ненадејната смрт не е позната. Семејството од затворот било известено дека тој починал.

Рашид најголемиот дел од животот го поминал зад решетки, а еден период беше во истиот затвор во кој беше и Кристијан Голубовиќ. Кристијан за српските медиуми откри по што ќе биде запаметен и како заедно ги поминале деновите во затвор.

– Со Рашид одев на прошетки околу еден месец, прошетките траеа по еден час. Играв фудбал и кошарка, тој повеќе тренираше со тегови. Еден ден многу затвореници ме замолија да им ја покажам техниката џиу џицу. На прошетката земавме ќебе, што беше забрането, а јас им ги покажав вештините. Во еден момент само тој и уште едно момче кое беше осудено за воени злосторства во Босна, кое беше во затвор 20 години, малку се искомплексираа затоа што при покажувањето имаа малку посилен комплекс и его и некаква затворска завист за да ми парираат. Сепак, бев повешт и од двајцата и видов дека тоа не им се допаѓа. Подоцна ме префрлија во затвор во Белград, на специјално издание и по две години бев ослободен – рече Кристијан за српските медиуми и додаде:

– Сепак, пред неколку месеци претпоставувам дека на Рашид му било здодевно во затворот, па видел дека сите го извикуваат моето име, и дека сега е нешто модерно, па ми рече: „Ќе те тепам, ајде еден на еден. Ќе ти ја скршам раката“. Сите тие се како опасни. Кога на небитни ликови им даваш простор да се афирмираат зад мојот грб, тоа ги интригира луѓето. Добро е за вас новинарите затоа што правите приказна, но за мене е лошо затоа што сепак морам да се занимавам со морони. Тоа се луѓе кои штом ќе ти се се закачат, не можеш веќе да ги симнеш. Рашид изјави за еден портал дека кога ќе излезе ќе покаже дека ме натепал, дека се ослободил од мене со некоја кимуро техника, а не ни знае што значи тоа. Не тренираше џиу џицу професионално, но во затвор гледаше ЦД со ММА борци и потоа затворениците мислат дека знаат да се борат по тие правила – изјави Кристијан за порталот Србија Данас, а потоа продолжи:

– Очекував кога ќе излезе надвор, да го најдам и да го праша, што му значи тоа, бидејќи имаше некои затворски кодови и знаеше дека ќе треба да разговараме за тоа. Во споредба со овие мафијаши на Тикток и Интернет, Рашид е момче кое некогаш се сметало за опасно во затвор. Меѓутоа, неодамна ме контактираше една девојка, и се уште ја имам таа преписка, дека ја мачел неа и нејзината ќерка, ја малтретирал во када на Звездара додека се криел во нејзиниот стан. Тој ѝ го направи животот пекол. Јас веднаш демантирав, зашто – каде може мене да ме тепа човек висок метар ипол, кој цел живот го помина во затвор и креваше тегови. Не може да ме победи во фер борба. Таа се јави и ме праша зошто ја спомнувам легендата Синан и легендата Џеј. Можам да ги спомнам бидејќи со двете имам поминато најмалку 150 ноќевања. Знам се за нивниот живот од А до Ш, ги ценев и почитував. Моите браќа цигани, најдобрите пејачи, легенди, почнаа од улица и завршија на улица. Не беа сите фер кон нив, но ние што ги цениме, ги цениме до крај – изјави Голубовиќ.

– Главната работа е дека Рашид се дрогираше цел живот. Цел живот земаше апчиња и додатоци за раст на мускулите. Мешаше наркотици за „спуштање“ и „подигнување“. Чела (Рашид) во затворот беше познат како срдечен тип, но сепак беше само зависник од таблети, наркоман и насилник. Никој не очекуваше ништо подобро од него од тоа да умре како 97% од оние кои консумираат дрога и апчиња.  Криво ми е, тој порано беше пристоен тип. На почетокот на кариерата беше срдечен и почитуван тип во Лозница, а подоцна стана обичен зависник од таблети, насилник кој ги плаши луѓето на улица. Којзнае зошто е добро што не излезе воопшто надвор, но сепак продолжил да повредува некоко – рекол Кристијан и нагласува дека немал лошо мислење за него како за „момче кое цел живот бил по затвори и таму тренирал“.

– Надвор никогаш не сум го видел ниту пак сум чул за него. Момчето го помина речиси цел живот во затвор и тано е што заврши како куче од таблети и дрога, во затвот. Се умира од преголема доза наркотици. Но има и друга работа. Тој се тепаше со стражарите и со другите затвореници, се надевам дека тука нешто не се случило, што би рекле „тивка елиминација“, заклучи Кристијан.

Слични објави

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Еспресо

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо

Милош Биковиќ ги поддржа студентските протести во Белград: Актерот се огласи на социјалните мрежи!

Еспресо

Откриени детали од скандалот со Блејк Лајвли што го тресе Холивуд: „Ме гледаше додека бев топлес!“

Еспресо

Откриено кој е човекот со кој Емина Јаховиќ разменува нежности: Се бакнуваше и со Наташа Беквалац!

Еспресо
Се вчитува....