19.8 C
Скопје
14:15 - 12 март, 2026

Бившата девојка на Саша Ковачевиќ се појави на неговиот концерт: „Срцето ми беше полно кога ја видов“

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ изминативе две вечери одржа два солистички концерта во Белград, а првата вечер донесе и едно изненадување за публиката – меѓу присутните се појави и неговата поранешна девојка Јована.

Пејачот отворено зборуваше за својата реакција кога ја здогледал во публиката и истакна дека нивниот однос и понатаму е исполнет со почит и пријателство.

„Беше очекувано да дојде, најде слободно време. Срцето ми е полно што и таа беше во публиката. Тоа што не сте повеќе во врска не значи дека не треба да бидете пријатели и да негувате емоции еден кон друг, дури и ако тие не се љубовни. Важно е да ве поврзува некоја друга форма на љубов. Не сум ја видел долго време и кога вчера ја видов, навистина ми беше полно срцето“, изјави Ковачевиќ.

На концертот присуствуваа и голем број негови колеги и пријатели од естрадата, но пејачот откри дека дел од нив, иако биле поканети, не можеле да дојдат.

„Искрено, требаше да има уште познати личности, пред сè мои пријатели, но повеќето се разболени. Ден пред концертот неколку колеги мораа да го откажат доаѓањето поради здравствени причини. Им посакувам брзо закрепнување“, рече тој.

Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....