7.7 C
Скопје
00:14 - 1 април, 2026

Бил Козби пак е на тапет – сега пет жени го обвинија за сексуално злоставување

Има нова тужба против актерот Бил Козби што ја поднеле пет жени, од кои повеќето биле дел од „Шоуто на Козби“, кои тврдат дека тој сексуално ги нападнал.

Козби тврди дека не е виновен и дека наскоро судот ќе го ослободи од обвинение.

Претходно, десетици жени го обвинија Козби за силување, но тој негираше каква било вина.

Според новата тужба, пишува TMZ, жените тврдат дека Козби се преправал дека е нивен ментор додека се обидувале да се пробијат во шоубизот во 80-тите и 90-тите, но наместо тоа се претворил во предатор.

Обвинитеките Лили Бернард, Еден Тирл, Џевел Гитенс, Џенифер Томпсон и Синдра Лад велат дека Козби можел да ги искористи бидејќи биле млади и ранливи.

Во 2018 година, тој беше осуден на 10 години затвор во Пенсилванија, но беше ослободен минатата година, откако обвинителите го прекршија договорот за имунитет што му бил даден на Козби од претходниот окружен обвинител.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....