09:59 - 4 април, 2026

Бијонсе се збогува со „Адидас“, спортскиот бренд трпи огромни загуби

Бијонсе и спортскиот бренд „Адидас“ наводно ја прекинале соработката, пишуваат американските  медиуми.

Веста за прекинувањето доаѓа речиси два месеци откако продажбата на линијата облека на Бијонсе – „Ајви парк“, опадна за 50 отсто, што ѝ донесе само 40 милиони долари во 2022 година во споредба со 93-те милиони во 2021 година.

Во тоа време, „Волстрит журнал“ предвидуваше дека колекцијата на Бијонсе лани ќе ѝ донесе повеќе од 250 милиони долари приход, но сепак, во пет од последните шест изданија на колекцијата, приближно половина од произведената стока не се продаде, а тоа би значело огромна загуба за „Адидас“.

Kолекцијата на Бијонсе има неколку стилови за возрасни и деца – хеланки, дуксери, фустани, чорапи, спортски градници и патики, во големини од XXXС до XXXXЛ.

Последната линија беше во портокалова и сина боја. Пејачката го избра и раперот Ајс Спајс за во рекламите за таа облека.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....