13:22 - 11 ноември, 2026

Бијонсе ја покажа нејзината наследничка: Таа е вистинска убавица

Бијонсе и нејзиното семејство се појавија на уметничката гала 2022. Пејачката е позната по тоа што иако е јавна личност не сака да се експонира во јавноста, но кога ќе се појави на црвениот тепих ги воодушевува сите со своите смели комбинации, а така беше и овој пат. Таа носеше фустан од Гучи направен специјално за неа. Црниот фустанот со бел горен дел го надополни со розови ракавици и розови потпетици.

На својот инстаграм-профил пејачката објави неколку фотографии од гламурозната вечер. Таа позираше со својот сопруг, раперот Џеј Зи, со нејзината мајка и со нејзината ќерка Блу. Обожавателите особено ги воодушевија фотографиите од мајката и ќерката. Наследничката на Бијонсе има 10 години и веќе израсна во вистинска убавица. Блу носеше сино одело и обожавателите забележаа дека таа е совршена мешавина од родителите.

Беше неизбежно Блу да тргне по стапките на нејзините родители и да заплива во музичките води. Таа е горда сопственичка на престижната музичка награда „Греми“, која ја освои минатата година кога имаше само 9 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Слични објави

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.
Се вчитува....