15.8 C
Скопје
07:05 - 22 октомври, 2026

(Фото) „Бев најмизерна кога бев најслаба“ – Кели Брук најсексипилната жена на светот за своето минато

Се фотографирав речиси секој ден од мојот живот и навистина можам да ги видам доказите за тие несреќни времиња. Ги гледам моите стари фотографии и велам: „Ох, тогаш бев навистина слаба“, а потоа се сеќавам дека бев слаба бидејќи тогаш нешто ми се случувало, изјави за британските медиуми манекенката Кели Брук за која и научниците пред неколку години се согласија дека има идеално женско тело со совршена фигура, а магазинот FHM ја прогласи за најсекси жена на светот.

„Кога поминувате низ лош период, тоа влијае на вашата исхрана. Бев најмизерна кога бев најслаба,“ додава Кели.

Студијата според која британската манекенка е жена со совршено тело ги зема предвид висината, тежината, должината на косата и обликот на лицето.

„Оваа жена е сосема природна и научно совршена,“ изјавија тогаш авторите на студијата.

Според научниците, БМИ (индекс на телесна маса) од 18,85 и пропорции на телото 93-61-87 сантиметри се смета за идеален.

Кели е висока 168 сантиметри, а нејзините пропорции се 99-63-91, што ја прави најблиску до идеалот. Дополнителен плус, според авторите на студијата, е тоа што не била подложена на естетска операција.

Кели денес има 43 години, а неодамна  откри дека никогаш не се чувствувала подобро во својата кожа.

Таа денес е во брак со Џереми Париси, кој, како што тврди, многу ѝ помогнал со самодовербата.

„Не е случајност дека сум најсреќна во своето тело сега кога сум во брак, кога го работам она што го сакам со луѓето што ги сакам, кога сум малку постара и позрела и кога воопшто се е добро во моето семејство и сите се здрави,“ објаснува Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....