20:36 - 1 февруари, 2026

„Беше чист со недели“: Откриени страшни детали за состојбата на Лијам Пејн пред смртта, проговори неговиот пријател

Откако беа објавени резултатите од токсиколошката анализа како дел од истрагата за смртта на пејачот Лијам Пејн, кој почина по пад од третиот кат на хотел во Аргентина, неговиот пријател изнесе шокантни тврдења.

Прерано починатиот пејач извесно време се борел со пороците, но, како што сега тврди неговиот пријател, „пред овој пат бил чист со недели и дека бил жртва на дилери кои му продале дрога“, пишуваат странските медиуми.

Како што тврди изворот, Лијам поминал тест за дрога само неколку дена пред неговата смрт, а неговите обиди да остане „чист“ биле саботирани од некој што го снабдувал со дрога.

Извор близок до Лијам изјави за Мејлонлајн: „Лијам не земаше ништо со недели. Тој неколку пати беше на рехабилитација во Англија и во Калифорнија, а неодамна доби нов психијатар во Флорида. Сите мислеа дека е на пат кон закрепнување“.

Лијам отпатува во Аргентина за да присуствува на концертот на својот поранешен колега од „One Direction“, Ниал Хоран, но и да ја обнови американската виза, бидејќи првично бил одбиен поради злоупотреба на дроги и алкохол во минатото. Поради оваа причина тој морал да направи тестови со кои би потврдиле дека е 100% негативен на употреба на недозволени супстанции, што потврдил и лекарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Niall Horan (@niallhoran)

Ќе се спроведе втор тест за да се утврди природата на дрогата уште еднаш. Неговото тело нема да му биде предадено на неговиот татко Џеф Пејн, кој пристигна во Аргентина на 19 октомври, додека не се завршат сите анализи, велат аргентински судски извори. Џеф Пејн дотогаш ќе остане во Буенос Аирес, а неговиот син се очекува да биде погребан следниот месец во Британија. Полицијата соопшти дека смртта на Лијам Пејн се уште се третира како неразјаснета, бидејќи трагаат по двајца мажи кои му доставиле дрога во хотелот.

Да потсетиме, смртта на Лијам Пејн настапила веднаш, откако паднал од терасата на хотелот. Случајот има многу неодговорени прашања, а денес неговата сестра на Инстаграм напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruth Gibbins (@roo0990)

„Кога ја видов веста што ми се појави на телефонот – дека си не оставил, се замрзнав. Толку сакав ова да не е вистина. Со денови се надевав дека е грешка, дека некој згрешил. Ти беше навистина премногу добар за оваа земја, ти си ангел кој живееше само за да ги насмее луѓето и да ги направи луѓето среќни“, напиша таа, додавајќи дека пејачот секогаш бил љубезен кон сите.

 

Слични објави

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо
Се вчитува....