12.8 C
Скопје
13:53 - 18 декември, 2024

Беа во лоши односи, живот исполнет со трагедија: Мараја Кери ги загуби сестра си и мјака си во ист ден

Пејачката имала тежок однос и со мајка си и со постарата сестра, но нивната смрт била тежок шок за неа.

55-годишната американска пејачка Мараја Кери ги извести обожавателите за загубата на две најблиски личности во ист ден. Станува збор за нејзината 87-годишна мајка Патриша и 63-годишната сестра Алисон, пишува Пипл.

„Срцето ми е скршено што ја изгубив мајка ми изминатиов викенд. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословена што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред нејзината смрт Ја ценам љубовта и поддршката на сите кои ми покажаа почит кон мојата приватност во овој невозможен период“, рече ѕвездата во изјавата за новинарите.

Мараја отсекогаш имала напнати односи со двете – со мајка си и со сестрата. Во изминатите 30 години, таа имала малку контакт со нејзината сестра, која се опоравувала од зависност од дрога, а била и бездомник и ХИВ позитивна. Во 2016 година преку медиумите се обратила до нејзината сестра за помош. Таа имала очајна потреба од финансиска поддршка додека се борела да се опорави од бруталниот упад во домот каде што Алиса живеела некое време. Како последица на инцидентот ѝ бил оштетен мозокот и тешко се разболела.

Алисон имала четири деца, а првото го родила на 15 години. На рехабилитација била лекувана повеќе од 10 пати, а престојот таму го платила нејзината позната сестра, додека не сфатила дека не може да му помогне на некој што не сака да му се помогне.

Патриша пак, беше во брак со таткото на пејачката, оперскиот пејач Алфред Рој Кери, од 1960 до 1973 година и се разведе од него кога идната славна личност имаше три години. 72-годишниот маж починал во 2022 година. Покрај Мараја и Алисон, Патриша и Рој го добија и синот Морган, кој сега има 64 години.

Патриша, која дипломирала на школата Џулијард, една од најголемите американски високообразовни институции во областа на уметноста и музиката, била оперска пејачка и професорка по вокал.

Мараја отворено зборуваше за нејзината тешка врска со нејзината мајка во нејзините мемоари од 2020 година.

“Како и многу аспекти од мојот живот, моето патување со мајка ми беше полно со противречности и сурови реалности. Никогаш не беше само црно-бело – тоа беше цело виножито од емоции. Нашата врска беше трнливо јаже на гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување“, напиша пејачката во мемоарите.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....