11:29 - 15 ноември, 2026

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Хрватската старлета Ава Карабатиќ последниве денови е исклучително активна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува фотографии од повредите, медицински наоди и објави од болница, откако, според нејзините зборови, повторно била жртва на физички напад.

Сепак, по низата вознемирувачки објави, старлетата со последниот потег одлучи да го смени тонот и на шеговит начин малку да се оддалечи од тешките теми. На Фејсбук објави колаж од фотографии на кои е таа и славната холивудска актерка Шарлиз Терон, со опис:

„Покрај сето ова лудило што ми се случува, морам малку и да се насмеам. Некаде прочитав дека јас и Шарлиз Терон си личиме. Морам да признаам дека има сличности.“

May be an image of one or more people and blonde hair
Facebook/Ava karabatic

Иако објавата привлече внимание и насмеа дел од нејзините следбеници, набргу потоа следуваа бројни остри и критички коментари. Многумина ѝ ја оспорија споредбата, но и ги доведоа во прашање нејзините претходни објави за повредите.

„Џабе ти е изгледот кога си неработничка. Залудно си го трошиш животот. Ете, бараат берачи на маслинки во Далмација. Оди работи нешто паметно, наместо секој ден да измислуваш нешто“, „Но, според она што го имаш во главата, воопшто не си личите. Вразуми се и оди работи нешто, ако знаеш нешто да работиш. Од нешто мора да се живее. Напушти ја Србија и врати се дома, луѓето ќе ти помогнат“, „А каде се сега модринката и болницата?“

Додека едни сметаат дека Ава само се обидува со хумор да се справи со тешкиот период, други на социјалните мрежи не ги штедат критиките за нејзиното однесување и јавните настапи.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....