-0.2 C
Скопје
05:44 - 22 ноември, 2024

Астро прогноза за 19 јули, вторник

Овен

Денес ќе бидете прилично полемични, па можеби ќе треба да обрнете повеќе внимание на зборовите. Ризикувате да се налутите на одредена личност, на која ќе ја „истурите“ насобраната негативна енергија. Ако нешто не функционира онака како што посакувате, не грижете се, бидејќи понатаму во јули може да сметате на подобра астролошка состојба. Денес, обидете се да се одморите добро.

Бик

Сега е моментот да се опоравите. Летото е ваша сезона и тогаш имате најмногу енергија, па оттука може да го извечете и најдоброто од вас. Во љубовта можете повторно да победите. Обидете се да не бидете под влијание на потешкотиите што ги имавте од минатото. Сега имате можност да се потврдите и да добиете „откуп“.

Близнаци:

Последните неколку недели беа доста тешки за вас, веројатно сте требале да донесете тешки одлуки кои вклучувале „резови“ кои се неопходни. Сега треба да најдете поголемо спокојство на сентиментално поле. Можности да се подобри емотивната ситуација нема да недостасуваат, но мора да бидете трпеливи.

Рак

Родените во овој знак имаат можност да направат голем успех -ќе имате можност да го постигнете тој успех и тоа почнувајќи од денес. Но, до конечниот триумф ќе треба да одвоите извесно време за да ги оцените промените што следуваат, а кои може да ви помогнат да ги подобрите работите на сентиментален и работен план. Не е лесно да се донесат одредени одлуки.

Лав

Проблемите што се однесуваа на првиот дел од јули сега се минато. Се соочувате со некои потешкотии на економски план, веројатно сте имале неочекувани трошоци или некакви изгубени приходи. Но, ќе биде можно да се опоравите на економско поле почнувајќи од денес. Но, тоа опоравување не е само во работата, туку и во љубовта ќе најдете поголем оптимизам.

Девица

Денов за вас ќе биде полн со електрицитети. Имате јасни идеи, но некој ќе се обиде да ве закочи. Не се обесхрабрувајте од ваквиот став. Хороскопот на денот сепак препорачува одмор затоа што треба да ја повратите енергијата: од следната недела ќе имате можност да се одмаздате.

Вага

Во љубовта би сакале да имате до вас личност која е способна да ви даде стабилност и сигурност. Оние кои не се задоволни од сопствената приказна би можеле да ги побараат во себе причините за тоа. Бидете внимателни да не бидете условени од моментните емоции. Подобро преземете ризик да донесете одлука да ги направите другите среќни отколку да ја подобрите вашата среќа.

Шкорпија

Јупитер ве снабдува со сила. Само вашата слабост кон некое блиско лице може да го вознемири вашето спокојство. Сега сте референтна точка за другите и не сакате да ги покажете вашите слабости. Не се нервирајте поради фактот што често другите не можат да разберат кога ви треба помош. Во љубовта ви следува опоравување.

Стрелец

Се соочувате со голема конфузија. Не е лесно да се справите со незадоволството и фрустрацијата предизвикана од фактот дека постои голема желба за промена, а до сега не можевте ништо да смените. Но почекајте, до крајот на јули ќе најдете повеќе можности за промени. За сега, вреди да се посветите на создавање на вистински услови за да може да настапат подоцна саканите промени.

Јарец

Ајде малку успорите! Ако тоа не го направите денес, во текот на следните неколку недели можеби ќе одлучите да застанете малку и да размислите повеќе за некои одлуки што кои треба да ги направите наскоро. Дојде време за подетално да се процени што е направено досега, за да постигнете подобри резултати во блиска иднина.

Водолија

Хороскопот на денот покажува дека Месечината е поволна и ви овозможува да се опоравите во љубовта и во семејството. Планетите се исто така позитивни и за нови емоции. Ќе имате среќа на состаноците, што може да им помогне на оние кои се сами да најдат поголем оптимизам во љубовта.

Риби

Не ја потценувајте важноста на контактите. Во работата и во љубовта, вие сте меѓу омилените знаци во моментот. Повратете си ја виталноста, бидете способни да ги фасцинирате другите (како што вие знаете). Денес можеби ќе треба да се одморите малку, особено ако веќе чувствувате замор, зашто пред вас е активна работна недела.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....