14:54 - 2 април, 2026

Архангеловден: Што (не) треба да правите на големиот празник посветен на Св. Архангел Михаил

Православните на 21 ноември слават голем празник – ден посветен на Свети Архангел Михаил и другите бестелесни небесни сили. Народот го нарече 21 ноември Архангеловеден. Во стро време, на овој ден завршувала есенската селска работа, се поставувале масите и домаќинките се обидувале да почестат што е можно повеќе гости. Се верувало дека тогаш зимата лесно ќе помине.

Народните верувања велат дека храната послужена на овој ден треба да е претходно исечена. Според легендата, ако гостинот се пресече, тогаш неговата рана ќе треба да зараснува долго време, а домаќините ќе почнат да имаат здравствени проблеми.

На 21 ноември не се препорачувало миење на косата. Нашите пра-пра-баби предупредуваа: среќата ќе истече заедно со пената од сапунот. И генерално, се препорачува да се избегнуваат долги процедури со вода на овој ден.

Забрането е да се зборува со подигнати тонови на Архангеловден. Прво, ова се должи на верските традиции: карањето на црковен празник е голем грев. Второ, луѓето сметале дека претставниците на злите духови би можеле да се собираат на гласни звуци тој ден. А од вакви „гости“ не може да се очекува ништо добро.

Старите верувања велат – не отворајте го прозорецот на 21 ноември, дури ни на кратко. Во спротивно, темните сили можат да навлезат во домот и да останат во него во текот на целата зима.

На овој голем рпазник, подобро е да не започнувате нови работи. Се верува дека нема да бидат успешни. Или ќе треба да вложите многу повеќе напор отколку што било првично планирано.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....