1.8 C
Скопје
07:12 - 14 март, 2026

„Аница воопшто не е глумица, завршила сосема друго“: Исплива вистината за девојката на Лазар Ристовски

Лазиќ глумеше во неколку проекти, а последен во низата е филмот „Рускиот конзул“ во кој Жарко Лаушевиќ ја одигра својата последна улога на големото платно.

Срцето на српскиот глумец Лазар Ристовски кој по 40 години стави крај на бракот со глумицата Даница Ристовски го освои 39 години помладата Аница Лазиќ. Јавноста ја запозна Аница како новата девојка на Лазар, а таа потоа почна да се докажува и како актерка.

Нејзиниот прв сериозен ангажман беше во серијата „Дрим тим“ во продукција на Лазар, кој ја игра и главната улога.

И додека сите мислеа дека Аница по образование е актерка, вистината за неа сега излезе на површина.

Имено, девојката на Лазар Ристовски нема диплома од Факултетот за драмски уметности или некоја актерска школа, туку дипломирала психологија на универзитет во Италија.

Самоук Аница веќе е потпишана како актерка во неколку ТВ проекти. Инаку, кога се слушна дека Аница е во врска со Лазар, еден твитерџија објави нивна фотографија и напиша: „Актерот Лазар Ристовски со неговата девојка, актерката Аница Лазиќ“. По тој повод реагираше и Љиљана Благојевиќ.

– Таа не е актерка. Глумата и е хоби – напиша таа, а потоа им соопшти на српските медиуми:

– Не мислев ништо лошо. Само напишав дека таа не дипломирала на Факултетот за драмски уметности. Не сакав никого да омаловажувам, особено не младо суштество. Само реков дека завршила друг факултет и дека не е актерка – изјави тогаш угледната глумица Благојевиќ.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....