12.8 C
Скопје
17:34 - 3 април, 2026

Анџелина Џоли ќе ја глуми оперската пејачка Марија Калас: „Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот и наследството на Марија“

Холивудската дива Анџелина Џоли во новиот филм на чилеанскиот режисер Пабло Ларејн ќе ја глуми култната оперска пејачка Марија Калас.

„Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот и наследството на Марија. Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, рече Џоли и додаде дека одамна му се восхитува на режисерот Ларејн.

„Можноста да ја раскажам приказната за Марија со него низ сценариото на Стивен Најт е навистина сон“, додаде актерката.

Освен по неверојатниот распон на гласот на сцена, Марија Калас беше позната и по турбулентниот љубовен живот кој вклучува и романса со грчкиот магнат Аристотел Оназис, кој потоа се ожени со Џеки Кенеди.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....