7.8 C
Скопје
04:54 - 2 април, 2026

Анџелина Џоли ја напушта глумата и заминува од „валканиот Холивуд“: Признава дека уште се опоравува од пеколниот развод

Анџелина Џоли нема многу пријатели, како што признава, но секогаш може да смета на своите деца. Во новото интервју за WSJ. магазинот откри дека нејзините шест деца; Медокс (22), Пакс (20), Тахара (18), Шајло (17) и 15-годишните близнаци Нокс и Вивиен ѝ се најблиските луѓе. Како што таа дополнително откри, семејството продолжува да се опоравува по разводот на актерката со Бред Пит.

“Тие ми се најблиски, тие ми се блиски пријатели. Ние сме седум многу различни луѓе, што е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се опоравиме”, вели Анџелина Џоли.

Додека актерката и нејзините деца продолжуваат со животот понатаму обединети заедно по трауматичното разделување од Пит, Анџелина, како што открива, исто така се потпира на тесно поврзана група пријатели и, како што рече, не излегува на состаноци со мажи.

Од друга страна, Бред Пит седум години јавно не се фотографирал со своите деца. Минатиот месец, неговата најстара ќерка Захара го отфрлила „Пит“ од своето име (презимето Пит), навестувајќи дека не е во добри односи со нејзиниот татко. Синот на Пит пак, Пакс, како што е веќе сосема познато, го презира Пит од дното на душата.

Во интервјуто глумицата јасно става до знаење дека по нејзиниот развод не може да го напушти Лос Анџелес (поради судските обврски), но тоа ќе го направи веднаш штом може.

„Тоа е дел од она што се случи по мојот развод. Ја изгубив можноста да живеам и да патувам слободно како порано. Ќе се преселам веднаш штом ожам”, рече таа, надевајќи се дека ќе помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.

„Пораснав на прилично плитко место. Холивуд не е здраво место”, рече актерката.

48-годишната Анџелина навести дека сака засекогаш да престане да глуми. Бидејќи, како што вели, пораснала со Холивуд, но никогаш не била импресионирана од тоа.

„Никогаш не го сметав тоа значајно или важно“, изјави таа за WSJ., признавајќи дека да започне одново денес, веројатно нема да го избере актерството за своја професија бидејќи сака приватност, а како славна личност е лишена од таа благодет.

„Кога почнував, не очекував се да биде толку јавно“, заклучила Џоли.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....