30.8 C
Скопје
22:49 - 21 август, 2026

Ана Николиќ откри како успеала да ослабе дури 50 килограми по бременоста

Ана Николиќ во еден период водеше голема борба со вишокот килограми, а по бременоста успеа да направи неверојатна трансформација и да ослабе дури 50 килограми.

Пејачката успеа да ја врати тежината што ја имала во младоста, а во една прилика отворено зборуваше за промените што ги вовела во секојдневниот живот и откри како изгледало нејзиното мени.

– Мојата тајна за слабеењето? Најважно е внесувањето течности. Имам своја утринска рутина. Штом ќе станам, пијам две чаши вода. Понекогаш со лимон, а понекогаш без. Потоа следува појадокот, најчесто две јајца на око со домат или друг зеленчук. Понекогаш јадам само свежа салата или житарки. За ручек јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Ги исфрлив јаглехидратите (белото брашно) и се придржувам до дневен внес од 1.000 до 1.200 калории. Целосно се откажав од слатките – раскажа тогаш Ана Николиќ.

Пејачката истакна дека за губење на килограмите, покрај промената на исхраната, многу важни се и цврстата одлука, како и истрајноста во првите недели.

– Ако баш ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица нутела и си замислувам дека сум изела сè што ми се јаде. Симнувањето на вишокот килограми е прашање на психата. Човек мора цврсто да одлучи дека сака нешто да промени и така ќе успее. Првиот месец е тежок, но потоа се навикнуваш. Со помош на таблети за слабеење не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам доцна навечер, јадам зеленчук – морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам 2-3 литри вода дневно, а понекогаш и четири – додаде Ана Николиќ, пишува Гранд.рс.

Вака изгледало менито на Ана Николиќ

За појадок најчесто избирала две јајца на око со домат, јогурт со житарки, овошје и јаткасти плодови, а на менито имало и кајсии или цреши со јогурт.

За ручек јадела супа од брокула, пржени пиперки со ориз, лосос со спанаќ, печурки со кромид и бело месо, како и зелена салата со туна или ракчиња, како и зелка со риба.

Вечерата била значително полесна, па најчесто избирала јогурт или овошје.

Слични објави

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо
Се вчитува....