-3.2 C
Скопје
20:58 - 22 декември, 2024

Ана Николиќ има докази со кои може да го врати Раста зад решетки: „На раб е да обелодени сè што знае“

Ана Николиќ пред неколку дена на Инстаграм ја објави преписка со нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста во која и двајцата си упатуваа навреди и обвинувања.

Сега неименуван извор близок до парот за српските медиуми ја открива причината за големата кавга:

„Ана и Раста веќе подолго време се обидуваат вештачки да одржуваат добри односи за доброто на нивната ќерка Тара, а најмногу ја изнервираа неговите се почести изјави во медиумите како ја тера да се лекува, заедно со приказните дека би и помогнал и морално и финансиски. Во реалноста, тој ѝ ги затвори сите чешми, и тоа беше поттик да си го одврзе јазикот и да каже се за што молчи со години, а со што би можела да го врати во затвор“, вели пријател на поранешните сопружници и додава дека Ана во својот стан има докази за Раста кои би можела да го стават веднаш зад решетки:

„Секогаш се воздржува поради детето, но сега е на работ да обелодени се што знае, а ова што пишува во пораките е ништо во споредба со доказите кои ги има. Ана особено „одлепи“ бидејќи ја условуваше со пари претејќи ѝ дека на нивната ќерка сам ќе ѝ купува тоа што ѝ е неопходно и дека таа веќе нема да располага со парите на детето. Тоа беше директен повод за Николиќ да почне да го покажува неговиот валкан веш и наведува дека во сите овие поминати години таа била под негова психичка тортура“, објаснува изворот за српските медиуми.

Самиот Раста во една од пораките што Ана ја објави во јавност напоменува дека повеќе не треба да очекува динар од него.

„Добро запомни, никогаш во животот нема да ти дадам ништо, бидејќи по заканите на моите родители, со испраќање на тој срамен клип, можеме само да одиме на суд. Во нашата врска/брак не плати ниту една сметка за струја, јас ти го реновирав станот и се уште е во таква состојба, затоа што навистина си и емоционален и функционален инвалид.Немаш ден работно искуство, секоја турнеја, албум, во животот си ја потрошила на „лечење“ и ја откажуваше само затоа што си мрзелива“, гласеше пораката на Раста, по што Ана реагираше:

„Дали е ова психичко злоставување, прашувам? Вакви пораки читам шест години и молчам, но веќе не ми паѓа на ум. Г-дин Стефан Ѓуриќ Раста, многу близок соработник на Вељко Беливук, ми го киднапираше четиримесечното бебе под смртни закани. Мислам дека многу молчев и трпев психички малтретирања. Од овој момент секој ден ќе читате за г-дин Раста, официјален член на тимот на Вељко Беливук , кои ги мелеа луѓето во мелница за месо“.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....