04:28 - 6 април, 2026

(Фото) Ана Костадиновска собра сила, и еден ден по смртта на Панчо замина на важен настан

Откако го загуби Панчо од „ДНК“ кој беше нејзин близок другар, Ана Костадиновска собра сила и дојде на важен настан за неа и за нејзининото семејство.

Костадиновска пееше придружни вокали долги години за „ДНК“ како и нејзината другарака Сара Пројковска која загина во пожарот на 16 март, заедно со 63 млади луѓе, и поголемиот дел од групата „ДНК“.

Токму еден ден откако Владимир Блажев-Панчо го напушти овој свет, се случи промоцијата на монографијата за таткото на Ана, Кире Костов, нашиот прочуен композитор кој почина во 2023 година.

По оваа промоција, на која Ана била со својата ќерка, сестра и внука, а издавач е нејзината мајка Кармен Костова, таа на социјалните мрежи објави:

– Имав привилегија да растам покрај човек кој беше симбиоза на музички гениј, висок професионализам и длабоко всадени човечки вредности. На 15.10 оваа година во „Литература.мк“, во Дајмонд мол беше промовирана Монографијата за неговиот живот и дело. Со многу љубов од семејството за кое „Музиката е живот, а животот музика”.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....