06:12 - 12 март, 2026

Ана Костадиновска ги загуби блиските, но остана гордо на сцената- вчера беше посебен ден за неа

После сè што ѝ се случи во животот, загубата на сопругот, најдобарата пријателка Сара, членовите на бендот „ДНК“ кои ѝ беа како семејство, татко ѝ, Ана Костадиновска гордо стои на сцената.

Таа вчера настапила на концертот во чест на нејзиниот татко, маестро Кире Костов во Скопје и ги пеела токму песните со кои израснала, во улога на придружен вокал. Ана објави стори на Инстаграм од овој настан на кој се гледа со колкава емоција и носталгија пее.

Фото / Инстаграм

Сара Пројковска и Ана Костадиновска беа тандем кој ретко се повторува. Едната професор по пијано на Факултетот за музичка уметност, другата професор по пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Заедно, тие беа придружни вокали на речиси сите наши пејачи и манифестации, сѐ до 16 март. А, приватно, биле блиски како сестри.

Последниот стих заедно го испејаа токму на тој ден, 16 март во Кочани, во дискотеката „Пулс“, каде што Сара, заедно со уште 63 млади луѓе, трагично го загуби животот во пожарот.

Ана Костадиновска е самохрана мајка. Нејзиниот сопруг Бобан почина од канцер за само неколку месеци откако му бил дијагностициран, во 2022 година. Таа продолжува професионално да настапува и да предваа пеење, и да се грижи посветено за својата ќерка.

Во јули во 2023 година, животот на Ана ѝ зададе уште еден удар. Почина нејзиниот татко, легендарниот композитор Кире Костов. На 14 октомври годинава, таа го загуби и својот голем пријател, Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....