35.9 C
Скопје
18:31 - 31 јули, 2026

Александра од „Канал 5“ претрпела исмевање и се борела со комплекс, сопругот ѝ е ветер во грб

Со исмевање од врсниците и комплекс поради изгледот се соочила водителката Александра Пановска-Илиевска од „Канал 5“ телевизија, за што во една прилика искрено раскажа.

– Врсниците понекогаш знаеја да ме нарекуваат бубалица, но имав огромен круг другари што секогаш ме поддржуваа, прекрасни наставници во секоја етапа од образованието што даваа вистинска насока и пример, родители и баба што неизмерно ми даруваа љубов и ми ги пренесоа вистинските вредности

Нема да го заборавам моментот кога за првпат од последна клупа во ОУ „Невена Георгиева – Дуња“ требаше да започнеме да го решаваме тестот по хемија што беше испишан на табла. Јас, за жал, не успевав да сфатам што е испишано и почнав од моите соученици во околината да барам помош да ми споделат/помогнат за да видам што пишува.

Наставничката Зојка, која важеше за строга, но секогаш коректна кон сите нас, на цел глас го извика моето презиме и јавно сподели дека од мене никогаш не очекувала дека ќе започнам да препишувам. Поцрвенев и започнав да плачам, бидејќи бев подготвена и учењето никогаш не ми претставувало проблем.

Фото/ Фејсбук

Кога споделив дека јас воопшто не можам да видам што пишува на таблата, мислам дека чувството на емпатија се чувствуваше во целиот простор.

Носењето очила во тоа време не беше тренд како денес. Комбинацијата на очила и учење беше еднакво на бубалица што се ставаше на етикета кај секое дете“, рече Александра во едно интервју за „Слободен печат“.

Денес, таа е среќно мажена за Александар со кого е повеќе од 20 години, ја имаат ќерката Сара, а според новата слика што ја сподели на Фејсбук се гледа колку оваа двојка е вљубена. Александар ѝ е секако голема поддршка и ветер во грб на Александра.

 

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Северина ja објави една од најемотивните песни во кариерата

Е.А.

А каде е Јелисавета? Павле Менсур замина за Хрватска без девојката, а еве кој му прави друштво

Е.А.

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.
Се вчитува....