16:07 - 3 април, 2026

Александар Дугин: „Цел на убијците беше мојата ќерка Дарија, а не јас“

Филозофот и јавна личност Александар Дугин, кој многумина го сметаат за мозокот на Путин, на рускиот Канал 1 изјави дека целта на убијците била неговата ќерка Дарија, а не тој самиот.

„Сè беше насочено да ја убијат и, во принцип, тука немаше грешка. Ја утепаа“, рече тој.

Претходно беше објавено дека претставник на здружението на јавното движење „Исток – солидарност Донбас“, кое организира цветни церемонии во различни земји во спомен на починатата новинарка Дугина, изјавил дека волонтер не можел да положи цвеќе пред вратата на Руската дипломатска мисија, пренесуваат руските медиуми.

Дугина загина вечерта на 20 август во експлозија на автомобил на автопатот Можајск во областа Одинцово во Московската област. ФСБ соопшти дека осомничена за убиството на новинарката е државјанката на Украина Наталија Вовк, која со својата ќерка пристигнала во Русија на 23 јули. Наводно Наталија веднаш по експлозијата преку регионот Псков побегнала во Естонија.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....