6.9 C
Скопје
04:11 - 1 април, 2026

Актерот кој заработи повеќе од било кој Џејмс Бонд сега ќе глуми срамежлив лик во „Квир“

Актерот Даниел Крег и официјално потпиша договор за главна улога во филмската адаптација на „Квир“ под режисерска палка на Лука Гвадањино, објави „Дедлајн“.

54-годишниот актер ќе го портретира срамежливиот и несигурен лик Вилијам Ли, додека го раскажува својот живот во Мексико Сити каде што го гони отпуштен службеник на американската морнарица, Јуџин Алертон.

Откако повеќе не е дел од серијалот за Бонд, ѕвездата неодамна проговори за улогата на култниот агент 007 и откри дека предложил смрт на својот лик по премиерата на „Казино ројал“ во 2006 година.

Овој актер светската слава ја стекна како шестиот актер на кој му е доверена главната улога во популарната серија филмови за британскиот шпион Џејмс Бонд.

И покрај јавниот скептицизам по објавата дека Крег ја презел улогата на Бонд од неговиот претходник Пирс Броснан „Казино Ројал“ од 2006 година доби позитивни критики од критичарите и заработи повеќе од кој било претходен филм од серијата.

Неговата изведба беше номинирана за неколку награди, меѓу кои и БАФТА за најдобар актер во главна улога.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....