06:20 - 12 март, 2026

Актерката Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг биле мета на напад од огнено оружје

Актерката Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Пајперс се најдоа на улица за време на пукање во Лос Анџелес. За среќа и таа и нејзиниот сопруг се спасиле без повреди.

Ричардс, се упатила кон ТВ студиото со нејзиниот сопруг, кој забавил додека барале паркинг на улица, во тој момент возачот што поминувал почна да пука од огнено оружјеЗа инцидентот прв извести ТМЗ, а подоцна претставничката на актерката потврди дека Дениз и нејзиниот сопруг биле вмешани во пукањето, но не се повредени.

Сопругот на актерката бил зад воланот и имал проблем да го најде студиото до кое ја возел Дениз на  снимње филм. Возачот зад него се изнервирал од неговата неодлучност и почнал да вика, а потоа пукал во автомобилот со Дениз и нејзиниот сопруг.

ТМЗ соопшти дека полицијата била повикана откако некој во студиото забележал оштетување од огнено оружје на „форд шелби“ Ф-150, но не е јасно дали некој отишол на местото на настанот за да се направи записник.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес, кој е надлежен за подрачјето на студијата, соопшти дека нема евиденција за таква пријава и дека не е во тек никаква истрага, пренесува „Ен-би-си“.

Претставник на државната патрола на Калифорнија, која ги обработува повиците на 911 од и во близина на автопатите, рекол дека не можел да го најде записот за таква пријава. Портпаролот на на шерифот на округот Лос Анџелес, чии заменици ја разгледуваат областа, вклучително железничките и автобуските линии на јавен превоз, го рекол истото.

ТМЗ објави фотографија од задниот дел на возилото на која се гледа оштетување од куршуми.

Инаку, Дениз Ричардс е поранешна сопруга на актерот Чарли Шин.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....