19:19 - 1 април, 2025

АФРОДИЗИЈАЦИ ОД ФРИЖИДЕРОТ: Ако не сакате да готвите голи, оваа храна споделете ја со партнерот

Достапни се насекаде особено за време на потоплите денови, некои ни служат да се освежиме, а други пак се додаток на јадењето, но сите подеднакво делуваат на зголемување на желбата за љубов и возбудата.

Лубеница

Научниците откриле дека семките од лубеницата делуваат слично како Вијагра, па затоа се препорачуваат како помош при постигнување на ерекција.

Домати

Верувале или не, доматот уште од најдалечните времиња се користел како афродизијак, па оттука и го носи името „јаболко на љубовта“.

Лути пиперчиња

Лутите пиперчиња ја забрзуваат работата на срцето и на целиот метаболизам, но исто така предизвикуваат лачење на ендорфин кој предизвикува добро расположение и зголемена возбуда.

Тартуфи

Таканаречените црни дијаманти кои се всушност вид на печурки не само што се наоѓаат на самиот врв на гастрономијата туку се и одлични афродизијаци. Содржат феромони кои се слични на оние кои животните ги излачуваат за време на сексуалниот „повик“.

Смокви

Смоквите од најстарите времиња се користеле за плодност, па оттука се сметаат и за симболи на љубовта. Според старите верувања ако смоквите ги посипете со малку мед афродизијачкото дејство ќе биде уште поголемо.

Вино Розе

Токму ваквото вино се смета дека ја буди желбата за секс, и кај мажите и кај жените. Сепак со ваквиот афродизијак мора да се биде умерeн зашто ако повеќе од него се испие ефектот може да биде спротивен.

Авокадо
Авокадото содржи големи количини витамин Е, кој му помага на телото во производство на хормоните тестостерон, прогестерон и естроген.

 

Школки

 

Освен што го зголемуваат нивото на цинк во вашиот организам, истражувањата покажале дека школките содржат аминокиселини кои го активираат излачувањето на половите хормони.

 

Чоколадо

 

Темното чоколадо помага во зголемување на допаминот, клучен невротрансмитер во нашиот мозок, кој е заслужен за перцепирање на задоволството.

Бразилски оревчиња

Богати се со селен, цинк и минерали кои позитивно влијаат на зголемување на бројот на сперматозоиди, но и ја зголемуваат возбудата особено кај мажите.

 

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо

Ѓани откри дека постара колешка му дала првпат да проба дрога: „Ме фати параноја, беше пекол!“

Еспресо

„Бев катастрофа“: Џина Џиновиќ направи целосна трансформација, го смени личниот опис

Еспресо
Се вчитува....