Македонскиот пејач Адријан Гаџа присуствуваше на свадбена прослава заедно со сопругата Сидорела Даути и членовите на своето семејство, а дел од убавите моменти ги сподели со следбениците на социјалните мрежи.
На фотографиите што ги објави на Инстаграм, 42-годишниот музичар и неговата сопруга позираат во елегантни комбинации, при што двајцата се одлучиле за класичната црна боја.
Гаџа носел црн костум со бела кошула, додека Сидорела избрала долг, припиен црн фустан.
На свадбената прослава присуствувале и родителите на пејачот, Сузана и Емин Гаџа, со кои тој исто така направил заеднички фотографии.
View this post on Instagram
Инаку, Адријан повремено споделува и моменти од семејното секојдневие. Неодамна објави домашно видео со Сидорела и нивниот син, кој тогаш имал пет месеци.
View this post on Instagram
