13:54 - 3 април, 2026

„Адидас“ ја прекина соработката со Канје Вест поради неговите антисемитски ставови

Откако модната куќа „Баленсијага“ го раскина договорот со контроверзниот рапер Канје Вест поради неговите антисемитски ставови, сега тоа го направи и „Адидас“.

Германската компанија за производство на спортска облека „Адидас“ ја прекина соработката со Канје Вест, а причина за тоа се антисемитските коментари на раперот.

-„Адидас“ не толерира антисемитизам или која било друга форма на говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки на Канје беа неприфатливи, полни со омраза и ги нарушуваат вредностите на компанијата за почитување на различностите и меѓусебното почитување“, се вели во официјалното соопштение на „Адидас“.

-По темелно разгледување, компанијата донесе одлука веднаш да го прекине партнерството со Канје, производството на производи од брендот „Јизи“ и да ги запре сите плаќања на Канје и неговите компании. Адидас веднаш ќе ја прекине соработката со „Адидас Јизи“ – велат од „Адидас“.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....