5.8 C
Скопје
02:51 - 1 април, 2026

Адел проговори за својата болест: Глува и со мачна болка

Британската пејачка и продуцентка Адел последниве два месеци трпеше големи болки поради инфекција со ретка бактерија. Ѕвездата откри за време на емисијата Цезар Палас дека била привремено глува на едното уво поради инфекцијата, пренесува Радар онлајн (RadarOnline).

36-годишната добитничка на наградата „Греми“ искрено проговори за својата болест. Имено, во август, за време на концертите во Минхен, фатила ретка инфекција предизвикана од водени бактерии во базенот. Оттогаш пејачката има неподносливи болки.

„Ова е најболното нешто што ми се случило. Многу е тешко да се лекува. Неколку дена земав погрешни антибиотици, но подоцна ми препишаа антибиотици кои почнаа да делуваат”, сподели пејачката.

Поради несоодветен третман, Адел извесно време трпела силни болки и делумно го изгубила слухот.

„Неколку пати посакав да си го отсечам увото… Сега веќе не ме боли, и тоа е одлично, но малку оглувев на левото уво“, објасни пејачката.

Таа изјави дека ќе направи долга пауза од шоу-бизнисот по концертите во Вегас:

„Воопшто немам планови за нова музика. Сакам да направам голема пауза по мојата турнеја. Планирам да правам други креативни работи, барем за некое време“.

Претходно, на 23 ноември 2023 година, Адел потврди дека тајно се омажила. Пејачката вешто го крие личниот живот и нема желба јавно да ја објави врската со сопругот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....