06:33 - 4 април, 2026

АЦА ЛУКАС И КСЕНИЈА ПАЈЧИН БИЛЕ ВО ТАЈНА ВРСКА: Нашата врска беше страсна и искрена

Пејачот Аца Лукас ја објави автобиографската книга „Ова сум јас“ и ги откри деталите од тајната врска што ја имал со убиената пејачка Ксенија Пајчин.

-Живеевме заедно една година. Нашата врска беше страсна и искрена. За разлика од повеќето жени со кои бев, Ксенија не се обидуваше да ме промени. Ако некој ме праша да ја опишам, би рекол: „Добар човек. Убава, но несреќна“. Таа беше многу несигурна. Седеше дома, читаше весник и гледаше телевизија и прашуваше „Како успеа оваа, а јас не направив ништо?“ – пишува Лукас.

Пејачот пишува и дека медиумите имале погрешна слика за неа.

-Весниците пишуваа сешто за Ксенија, меѓу другото дека била тешка наркоманка. Беше убава, силна, пукаше од здравје! Тренираше секој ден – пишува Лукас.

Лукас откри и дека ја молел Ксенија да ја крие врската, бидејќи тогаш тој сѐ уште бил во брак со својата втора сопруга Наташа.

– Ја замолив Ксенија само едно – да не им кажува на новинарите за нашата врска, а таа тоа го почитуваше. А сонот на секој човек беше да го види со Ксенија Пајчин. Поважно ми беше да бидеме заедно секој ден отколку на насловните страници.

Аца откри и како неговата жена ја открила аферата со Ксенија.

– Пеев на една тераса во Сутоморе. За време на паузата ѝ пишав на Ксенија. Набројав што сѐ ќе и правам, а што таа мене. „Ацо, готова е паузата“, го слушнав колегата и станав. Брзо ја пратив порака. Кога го зедов микрофонот, „беројатно не…“ ми помина низ глава. Ја завршив песната и го зедов мобилниот. Имаше милион пораки од истиот број. Мојата втора сопруга Наташа ја добила пораката наместо Ксенија. Таа веднаш ми одговори – во една порака само пцовки, во друга пцовки, во третата комбинација од пцовки и пцовки – напиша Лукас во својата автобиографија.

12 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА КСЕНИЈА ПАЈЧИН: Колку и да била голема нивната љубов, толку тие биле токсични еден за друг

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....