12:51 - 2 април, 2026

Аца ЛУКАС и БАЈАГА се скарале на синоќешната Беовизија: Дошло до прозивки и дофрлања помеѓу двајцата музичари!

Синоќа во Белград се одржа првата полуфинална вечер за избор на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија.

Сепак, возбудата и гламурот што можеше да се види на сцената, денес останаа малку во сенка од кавгата што се случила меѓу пејачите Момчило Бајагиќ Бајага кој се натпреварува како текстописец и Аца Лукас, кој се натпреварува како изведувач, пишуваат српските медиуми.

Во ВИП просторијата зад сцената, дошло до прозивки и дофрлања помеѓу двајцата музичари, српски Курир, дознава дека причина за тоа биле спротивставените политички ставови.

Двајцата пејачи имаа спротивставени гледишта и коментари околу целата ситуација.

-Бајага, поминувајќи покрај мојата гардероба, ми дофрли, а јас на свој начин одговорив на неговата провокација и тој си замина. На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков“, изјавил за „Курир“ Лукас откако ја напуштил сцената.

Од друга страна, Бајага негирал дека нешто се случило.

-Ништо не се случи! Тоа е измислено. Ништо, немам поим што беше ова – повторувал Бајага пред новинарите.

 

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....