9.8 C
Скопје
17:27 - 19 ноември, 2024

Лејди Гага им откри на фановите зошто се повлекла од јавноста подолго време: „Ги сакам моите обожаватели, моите „мали чудовишта“

Лејди Гага која подолго време беше отсутна од социјалните мрежи се огласи во јавноста и откри дека се борела со депресија и опасна болест.

„Сакав да споделам личен момент со вас денес. Знам дека не го правам тоа во последно време и некои од вас навистина сакаат да споделувам повеќе од мојот уметнички процес. Од минатото лето, мојата креативност ја доживувам на навистина посебен и приватен начин – пишував и продуцирав музика за посебен проект, со месеци се подготвував развивајќи го мојот лик за вториот дел од филмот „Џокер“, го снимав“ Џокер” долги месеци ја водев мојата компанија „Haus Labs”, работев филантропска работа, а дополнително работев и на монтажата на филмот “The Chromatica Ball”. За прв пат по многу години можам да кажам дека мојата љубов кон создавањето уметност, музика, мода и поддршката на заедницата никогаш не била поисполнета“, вели пејачката и продолжува:

„Можеби не споделувам толку многу од себе на мрежите како во минатото, но се надевам дека знаете дека ова време беше исклучително лековито за мене и ми го исполни срцето, умот, телото и креативноста – да создавам во себе и да имам личен живот кој е само за мене. Сигурна сум дека некои од вас може да се чувствуваат поинаку затоа што не сум била отсекогаш толку приватна (се обложувам дека некои од вас ќе се насмеат) – но ги сакам моите обожаватели, моите „мали чудовишта“ и тоа никогаш нема да се промени.

Не можам ни да опишам колку нашата глобална заедница ме инспирира секој ден да внесувам што е можно повеќе радост во вашите животи. Еве фотографија од мене како ја уредувам „The Chromatica Ball“ (тоа е кадар од филмот зад мене) – Едвај чекам да го доживеете. Ви благодарам што сте спремни да растете со мене за да можам да се променам и трансформирам со заедницата што ја сакам толку многу. Се надевам дека ги сакате сите работи што ги создадов за вас и се надевам дека ова е мал потсетник за мојата длабока страст и посветеност на уметноста“, напиша пејачката која се повлече од јавноста за да се излечи од депресија и да поработи на своето ментално здравје, но и на нови проекти.

 

Слични објави

„Сигурна сум дека мојот сопруг гледа порнографија“: Гоца Тржан проговори за бракот со Раша

Еспресо

Имаше само 35 години: Почина актерот од популарната серија „Три Хил“ од рак

Еспресо

По Мелина, Харис Џиновиќ бара нормална жена: Ова е листата на барања кои пејачот ги има за новата партнерка

Еспресо

Јована Јеремиќ добила порака од Бака Прасе и ја прочитала во емисија во живо: „Колку бараш за еден час?“

Еспресо

Соседите на Владо Георгиев за пејачот: Тој е вообразен и некултурен и секогаш е во кафеана, сака да си пивне

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга првпат во јавност по кавгата и пријавата за насилство

Еспресо
Се вчитува....