07:50 - 4 април, 2026

Род Стјуарт им платил прегледи на пациенти во приватни боници за да не чекаат бесконечно

Британските медиуми пишуваат дека Род Стјуарт, познатиот британски пејач неодамна, ја посетил болницата „Принцезата Александра“ во Харлоу, а бидејќи знаел дека листите на чекање за прегледи со магнетна резонанца се долги, решил да го плати прегледот во приватна болница за пациентите и со тоа да им помогне и ним и на болницата.

Пејачот и текстописец (78) изјави дека сака да ги плати прегледте и на други места во Велика Британија, поточно – секаде каде што има преоптоварување на системот.

Минатиот месец, Стјуарт го најави овој потег откако телефонски се „приклучи“ на шоуто на Sky News.

Тој тогаш изјави дека посетил приватна болница поради неговиот здравствен проблем – иако доцнел половина час, вработените му рекле дека нема проблем, бидејќи немало гужва. Тогаш, вели, сфатил дека има огромен јаз меѓу приватните и државните болници.

„Ако ова е огромен успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер итн. И се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе“, изјави хуманиот пејач.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....