23:39 - 19 декември, 2025

Јелена Карлеуша не се соблекува за џабе: Нема да верувате колку заработува од една рекламна објава

Благодарение на спонзорски договор со компанија, пејачката Јелена Карлеуша заработува 15.000 евра од објавување на фотографии на социјалните мрежи, односно за една објава – фотографија/сесија!

Јелена Карлеуша на почетокот на годината повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн продажба на облека по пристапни цени. Иако моделите се достапни, цената за објавување на сметката на Јелена на социјалната мрежа воопшто не е!

Јелена Карлеуша наводно добива дури 15.000 евра за една објава на Инстаграм!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Јелена со овој бренд соработуваше пред неколку години. За разлика од другите пејачки, кои главно рекламираат само локални брендови, таа како и секогаш е чекор понапред од сите, па повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн продажба на облека и модни додатоци. Луѓето кои стојат зад оваа најуспешна продавница за облека (во онлајн продажба) сакале Јелена да ги рекламира за овој регион, па брзо се договориле за сите детали“, пренесуваат српските медиуми и додаваат:

– Се беше договорено на почетокот на годината. Од средината на јануари таа на својот профил пет пати се фотографирала во нивната гардероба. Бидејќи за една објава на Инстаграм профилот и платиле 15.000 евра, лесно е да се дојде до пресметката за вртоглави 75.000 евра кои ги заработила за помалку од еден месец. Инаку, пред неколку години и плаќале и до 10.000 евра по објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Како што пренесуваат медиумите, ова не треба никого да изненади со оглед на тоа што Јелена е најследената јавна личност во регионот.

-ЈК само на Инстаграм ја следат речиси два ипол милиони луѓе, па овој приход од спонзорскиот договор не треба никого да изненади. Таа е некој чиј моден стил е познат во целиот свет, па има големо влијание врз многу девојки. За тоа се свесни и сопствениците на овој бренд, бидејќи целата облека што таа ја носеше на фотографиите по неколку дена е распродадена на нивната веб-страница и поради оваа причина постојано се додаваат нови количини. Некои од најпознатите имиња на денешницата соработуваат со овој онлајн бренд: Кајли Џенер, Клои и Кортни Кардашијан, Карди Би и многу други. Јелена е единствената од овие простори која ги рекламира, па навистина има со што да се пофали“.

 

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....