5.8 C
Скопје
04:45 - 1 април, 2026

(Видео) Патувачкото кино на „МакеДокс“ во с.Василево и с.Вељуса

Почна првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион.

Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Жителите на село Василево случајно дознаа за одржувањето на киното во школскиот двор, но сепак, масовно се придружија.

Втората проекција на Патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето. Мештаните веќе беа запознаени и известени за доаѓањето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и го очекуваа да пристигне.

– Тие ни кажаа дека порано се одржувале филмски проекции во Домот за култура, кој е сега распаднат и не функционира. Постарите жители се присетија на времето кога биле млади и оделе на кино проекции, дури и по дозволеното време за излегување од родителите. Проекцијата во Вељуса беше проследена од многубројна публика од сите возрасни групи – истакнуваат од екипата на Патувачкото кино.

Наредните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе се одржат во следните термини:

21.07. – Моноспитово

22.07. – Босилово

23.07. – Габрово

фото – македокс

*Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

На 19.07. почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023та година.

Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово.

Медиумски покровители на Патувачкото кино се Слободен печат, Еспресо.мк, Нова Македонија, МКД.мк, СДК.мк, ОФФнет, ПлусИнфо, Е-магазин, УМНО.мк, Кајгана.мк, Радио МОФ, Лице в лице и Окно.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....