11:44 - 29 март, 2026

2025 остави трагични лузни: Пеце од „Суперхикс“ си ја отвори душата

Целата своја тешка 2025 година си ја раскажа музичарот Петар Младеновски-Пеце, кој си ја отвори душата за сите загуби кои му ги донесе годината што измина.
-Среќна Нова и Среќни празници Друштво! Да не се повтори оваа лоша 2025-та која ни однесе многу сограѓани и остави трагични лузни кои ќе се чувствуваат со години. (Кочани )
Гушнете ги своите најмили и најблиски. Свртете два три броја. Разменете убав збор со драгите затоа што животот е епизода и кратко трае. Утре веќе може да е предоцна.
Споменете ги и испијте по една и за оние кои веќе не се тука а присутните израдувајте ги макар со убава желба за следнава. Или како што рече мојот татко само неколку дена пред да нѐ напушти периодов:
„Што бе толкави куќи, станови, вили? Ако немаш луѓе, џабе сѐ! Луѓето и фамилијата ја прават куќата а не ѕидовите..” (И во одбрано друштво си замина со легенди како Драган Б.Костиќ, Васил Рингов, Кирил Темков, Агим Јонуз, Крис Реа…)
Само здравје, среќа и убавини во новата 26-ка Друштво! Чувајте се! Една ваша капиштечка будала“, напиша Младеновски. Неговиот татко Никола, почина на 25 декември.
Фото / Фејсбук

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....