6.8 C
Скопје
11:51 - 5 февруари, 2025

10 РАБОТИ ШТО НЕ ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ХАЛИ БЕРИ: Што била пред да стане глумица, колку е висока, како ја одржува телесната тежина…

Хали Бери е една од оние актерки кои оставија свој белег во историјата на кинематографијата благодарение на нејзините бројни улоги и нејзиниот неприкосновен шарм.

Отсекогаш покажувала дека знае да ги избере најдобрите улоги кои би ги истакнале нејзините таленти и актерски способности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

  1. Кариерата ѝ започна во 1991 година со филмот Jungle Fever.
  2. Го позајмува својот глас за различни улоги. Го позајми гласот за синхронизацијата на филмот Robots (2005) и сериите Fraiseir (1998) и The Simpsons (2011).
  3. Работи како продуцентка. Како продуцент, таа работеше на филмовите Meet Dorothy Dandridge (1999), Lackawanna Blues (2005), Frankie & Alice (2010), Kidnap и сериите Extant и Boomerang (2019).
  4. Се мажела три пати. Зад себе има три брака (и исто толку разводи). Во 1992 година се омажила за бејзбол играчот Дејвид Џастис, со кого се разделила четири години подоцна. Во 2001 година се омажила по втор пат со музичарот Ерик Бенет, а бракот завршил со развод во 2005 година. Третиот брак,  во 2013 година, беше со глумецот Оливие Мартинез. Двајцата се запознале во 2010 година, а бракот траеше до октомври 2015 година.
  5. Таа е мајка на две деца. Првпат стана мајка во март 2008 година, кога се роди Нала Ариела од врската со моделот Габриел Обри. Второто дете, пак, се родило во октомври 2013 година за време на бракот со третиот сопруг и се вика Масео Роберт. По раѓањето на нејзините две деца, актерката се изјасни дека е нема да дозволи тие да бидат изложени на преголемо медиумско внимание.
  6. Има официјален профил на Инстаграм. Актерката решила да отвори официјален профил на Инстаграм, кој го следат околу 7,5 милиони луѓе. Нејзините споделувања се разнолични – со многу фотографии посветени на нејзините работни проекти, но споделува и семејни фотографии. Доколку го следите нејзиниот Инстаграм профил може постојано да бидете во тек со нејзините активности.
  7. Имаше свое режисерско деби. Во 2020 година, актерката направи чекор зад камерата за да го режира филмот Bruised . 
  8. Хали Бери е родена на 14 август 1966 година во Кливленд, Охајо. Висока е 165 сантиметри, а ја одржува тежината на 54 килограми.
  9. Пред да стане актерка, во 1980-тите, Бери учествувала на различни избори за убавина како што се Мис Охајо САД (кадешто освоила прво место во 1986 година), но има освоено и други титули за убавина – Мис тинејџерка, Мис на САД и најважната – Мис на светот каде како прва афро-американска кандидатка го освои место.
  10. Години подоцна, актерката сè уште ја задржува прекрасната физичка форма со балансирана протеинска исхрана, форма што ѝ овозможува да добива нови улоги.

 

Слични објави

(Фото) Глава боли од сумата: Цеца пристигнала во БМВ од 140.000 евра и во стајлинг од 40.000 евра! 

Еспресо

Милица Тодоровиќ се сврши! Бизнисменот потрошил 150.000 евра на прстенот, ова се деталите

Еспресо

Емина Јаховиќ за тешкото детство: „Кога бев мала и доматите ни беа луксуз!“

Еспресо

(Фото) Глетка што топли срца: Ана Николиќ сподели емотивен момент со ќерка ѝ Тара

Еспресо

Хороскоп за 5 февруари: Близнаците ќе запознаваат нови луѓе, Раковите ќе се фокусираат на кариерата

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ го „запали“ интернетот: Се стегна во ултратесни фармерки, задникот во преден план

Еспресо
Се вчитува....