12:02 - 3 април, 2026

ЗОШТО БРИТНИ СПИРС ЗЕМАЛА ЛИТИУМ: Какви несакани ефекти има литиумот

Повеќе месеци по минатогодишното судење на поп пејачката Бритни Спирс (со нејзиниот татко) поврзано со употребата на литиум, фановите се уште ја фаворизираат темата за штетата која ѝ била предизвикана од овој лек.

Минатата година летото, Бритни Спорс конечно пред судот проговори против нејзиниот татко Џејми Спирс, кој наводно ја принудувал да зема литиум против нејзина волја.

39-годишната пејачка ги опиша и несаканите ефекти што ги доживеала додека земала литиум.

За што се користи литиумот?

Според клиниката Мајо, литиумот се користи за лекување на биполарно растројство или манично-депресивна болест. Во документарниот филм од 2013 година, I am Britney Jean, Спирс зборуваше за нејзиното биполарно растројство. Сепак, Бритни Спирс пред судот на 23 јуни лани изјави дека никогаш не земала литиум и дека е задоволна од нејзиниот нов режим на лекување.

„Литиумот се користи секојдневно и за да се намали зачестеноста и сериозноста на манични епизоди“, се објаснува на веб-страницата на клиниката Мајо. „Манично-депресивните пациенти доживуваат сериозни промени во расположението, кои се движат од возбудена или манична состојба (на пример, необичен гнев или раздразливост или лажно чувство на благосостојба) до депресија или тага. Не е познато како литиумот функционира за да го стабилизира расположението на една личност. Сепак, делува на централниот нервен систем“.

Како литиумот ѝ делувал на Бритни: Кои се несаканите ефекти на литиумот?

Како што е случај со сите лекови, Бритни Спирс знаела дека литиумот може да има несакани ефекти вер неа. Според Американското здружение за за ментални болести, некои вообичаени несакани ефекти на литиумот вклучуваат главоболка, гадење или повраќање, дијареа, вртоглавица или поспаност, промени во апетитот и треперење на рацете. Списокот вклучува и сува уста, зголемена жед, слабеење, опаѓање на косата и осип налик на акни.

Долготрајната употреба на литиум може да предизвика хипотироидизам (ниски нивоа на тироидни хормони). Здружението, исто така, објави дека ретки проблеми со бубрезите може да се појават со продолжена употреба на лекот.

Реткиот, но сериозен несакан ефект наведен за кој Бритни Спирс верува дека кај неа го предизвикувал овој лек е конфузија и нестабилност. Таа опиша дека се чувствува од лекот „пијана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....