19.4 C
Скопје
04:57 - 5 август, 2026

„Злато мое, ми вети дека ќе ме чекаш“: Теа Трајковска се прости од Панчо со најтажна објава

„Ми вети дека ќе ме чекаш, злато мое“, пејачката Теа Трајковска со најтажни зборови се прости од Панчо.

– My ride or die, my soulmate, my family, my homie, моја најголема поддршка во сѐ, мој ментор и најдобар пријател, мојот омилен човек на земјата, а сега на небото.

Привилегија и благослов е што те имав во овој живот и што си толку битен дел од него, што те знаев во срж и благодарна сум на секој збор и наш момент, на нашиот последен разговор, на сѐ што научив од тебе, на секој спомен што ми го остави.

И да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево. Овие седум месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене Влатче.

Нема да постои ден кога нема да ми недостигаш, ама таа твоја душа и тоа твое срце не беа за овој свет, а Бог ги сака покрај себе таквите како тебе.

Фото/ Инстаграм

Знам само дека не заслужи ништо од ова, ама и дека си на подобро место каде што не страдаш и не се мачиш повеќе. До следното видување злато мое.

Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе.
Колку те сакам знаеш и ќе си знаеш засекогаш каде и да си. Широко небо Владе мој. Тесно беше тука за тебe“, напиша Теа Трајковска.

Панчо и Теа беа многу блиски пријатели и заедно снимаа песни. Една од нив е дуетот „Амалјија“ кој таа го сними со „ДНК“.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Бугарката Силва пресреќна, Швајнштајгер купил недвижност од 12 милиони евра

Еспресо

Има 53 години и сѐ уште воодушевува со својот изглед

Е.А.

По периодот исполнет со скандали, Аца Амадеус објави фотографија со 23 години помладата девојка Барбара 

Е.А.

(Фото) Аница Лазиќ ужива во Италија: На одмор замина без Лазар Ристовски

Еспресо

(Фото) Бојана Лазиќ блесна во црвен костим за капење на одмор во Црна Гора

Еспресо

Хит — Ана Николиќ ги насмеа сите откако ѝ честиташе на Анастасија Ражнатовиќ, но означи погрешен профил

Е.А.
Се вчитува....