07:51 - 6 април, 2026

(Фото) Животот имал специјален план за неа: Нова исповед на Турунџиева

Сузана Турунџиева сподели уште една интимна приказна, откако неодамна раскажа дека ја победила лошата дијагноза.
– Кога нештата не одат според твојот замислен план, не заборавај дека животот има специјален „индивидуален“ план за тебе… И ќе те однесе на вистинскиот пат тогаш, кога твојот ум и тело ќе бидат подготвени за тоа… Не ТИ кога сакаш!
Затоа полека… Дај си себеси време и трпение и не заборавај дека добрите промени изискуваат од тебе длабока верба, силна волја и упорна работа на себe – напиша Турунџиева на социјалните мрежи.
– Во изминатава година од животот добив жолт картон, а не бев подготвена за тоа. Но, истовремено сум многу благодарна што наместо жолт не добив црвен картон и добив шанса да се борам, да се променам, да победам!
Животот ме „обучи“ и ме подготви да се справам и да се борам и во најневозможни ситуации. Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво – сподели пејачката и водителка неодамна за „Слободен печат“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....